Мора многу да внимаваме на привлечните содржини на интернет особено кога зад атрактивни рекламни или промотивни наслови, фотографии или видеа се кријат измами во форма на лажни производи, лажни наградни игри, спам-пораки или линкови што можат да ви пренесат некој вирус или штетен софтвер.
Покрај тоа што интернетот е одличен да пронајдеме корисни содржини и да го прошириме нашето знаење, треба да бидеме свесни дека на него денес има сѐ повеќе злонамерни корисници што се обидуваат да направат некоја измама, како што се кражба на лични податоци, финансиски криминал, узурпирање на идентитетот, ширење некој вирус и многу други опасности.
Некогаш работите што ни се допаѓаат на прва рака, можат повеќе да ни наштетат од работите од кои вообичаено стравуваме. Рекламите се една од таквите појави што може да нѐ заведат на погрешна патека и да нѐ изложат на опасности.