НЕ ЛАЖИ СЕ ЧОВЕЧЕ
КЛИКАЈ ПАМЕТНО!

Омразата и навредите онлајн болат исто како и во живо.

Kликај паметно и заштити се од навредите и вознемирувањето на интернет!

Дезинформациите „владеат“ онлајн, а со својот разум владееш ТИ!

Кликај паметно и информирај се одговорно!

Доколку Земјата беше рамна плоча, досега ќе стигневме до работ.

Не лажи се, човече – кликај паметно и верувај им на фактите и на науката!

Не наседнувај на преводи и на лажни содржини од странски портали маскирани како вести!

Провери ги изворите, откриј ги авторите, барај ја вистината!

Не се клика сѐ што сјае! Рекламите на интернет честопати кријат измами за лажен производ или услуга.

Кликај паметно и не дозволувај да ти продаваат лаги!

Ако сум различен, не прави да сум и исклучен.

Кликај одговорно и спротивстави се на стереотипите и предрасудите.

Насловите продаваат на интернет.

Затоа кликај паметно и не наседнувај на секое „шокантно“ „неверојатно“ „чудо“!

Млад си и те измачува тоа што медиумите те забораваат.

Биди активен и кликај паметно за повеќе младински теми!

Некои политичари често ја извртуваат вистината.

Затоа кликај паметно и не верувај во сѐ што ќе ветат!