Што повеќе време поминуваме на интернет, забележуваме дека преовладуваат забавни содржини за поширока публика, драматични вести, комерцијални содржини, таблоидни објави и така натаму.
Но, интернетот и новите медиуми се место каде што може да се пронајдат и голем број едукативни содржини, информации што можат да ти помогнат да бидеш поактивен член на твојата заедница, електронски книги, видеа и патописи за места што сакаш да ги посетиш, волонтерски или хуманитарни акции во твојот град во кои можеш да се вклучиш и многу други активности од јавен интерес.
Интернетот е место каде што можеме да се поврземе со други млади луѓе, со кои можеме да размениме искуства и заедно да придонесеме за позитивни промени во нашето општество. Затоа е потребно да го негуваме овој дух на корисен активизам и лично да придонесуваме со креирање корисни едукативни содржини, како и со нивно споделување со другите преку медиумите.
Побарајте повеќе информации во прирачникот како да комуницирате со медиумите.

