Scroll Top
19th Ave New York, NY 95822, USA

Една од предностите на новите медиуми и на интернетот е што информациите и содржините можат лесно да се копираат и да се пренесуваат. Но, оваа предност често може да се покаже и како ризична, а тоа е кога медиумите копираат и преведуваат сомнителни и манипулативни содржини. Фактот што тие можат лесно да се пренесат и да се прошират, а со тоа да бидат само на клик до голем број корисници, многу го зголемува нивниот штетен ефект.

Денес границата помеѓу новинарството и таблоидите е сѐ потешко да се постави, бидејќи медиумите во трка по внимание и кликови сѐ помалку водат грижа за професионалните и за етичките стандарди за подготовка на содржините. Борбата за кликови сѐ повеќе ги таблоидизира медиумите, и токму затоа мора да внимаваме какви содржини следиме, каде го посветуваме своето внимание и кон кои медиуми развиваме доверба.

Ова е уште поопасно кога вестите пренесени од странски медиуми се користат за ширење пропаганда и манипулација, со цел да се убедат корисниците во некоја сомнителна идеја или порака. Затоа внимавај дали вестите се потпишани од автор, кои извори ги користи, дали тие извори се компетентни, дали се вклучени различни страни, дали веста информира што навистина се случило или се обидува да ви наметне некој став или заклучок.