Scroll Top
19th Ave New York, NY 95822, USA

Дезинформациите се лажни содржини што некој намерно ги објавува
за да постигне одредена цел и да постигне лична добивка. Тие можат
да се шират брзо како вирус што ги заразува сите со кои ќе дојде во
контакт. За да се заштитиме од дезинформациите и од манипулациите
што тие ги вршат, мора да изградиме силен имунитет на нив.
Како се гради имунитет кон дезинформации?

Пред сѐ, користи „здрави“, т.е. проверени и вистинити информации и
содржини од медиуми за кои знаеш дека работат професионално и
одговорно. Читај и кликај внимателно користејќи го својот разум за да
процениш дали е нешто точно или не. Како што проверуваме кога
купуваме некој производ, кој е произведувачот, кои се состојките, кој е
рокот за користење, така треба и со информациите да провериме кој ги
произведува, што тие содржат, дали имаат несакани реакции и дали се
со вистински рок.

Корисна алатка за ова се сервисите за проверка на информациите какви што се прирачникот за лажни вести и дезинформации. snopes.com, factcheck.org, vistinomer.mk, kryptometer, и многу други.