Scroll Top
19th Ave New York, NY 95822, USA

Омразата е многу штетна и токсична за секоја средина и општество во
кое се појавува. Омразата е деструктивна, но таа воедно е и
самодеструктивна, затоа што не само што е штетна за оние на кои им е
упатена, туку е штетна и за оние што ја користат. На „хејтерите“ најчесто
им недостасува доволно грижа и почитување од нивната средина, а
своите проблеми тие ги префрлаат кон другите сметајќи дека токму тие
се одговорни за нивните маки.

Токсичноста и штетите од омразата треба да ги избегнуваме, да ги
осудуваме и заедно да ги заштитиме оние што се цел на омразата.
Омразата треба да ја пријавуваме и да ја осудуваме секаде каде што ќе
се сретнеме со неа, затоа што ако ја игнорираме, таа станува посилна и
полесно се шири. Тоа што се напаѓа или се мрази некој на интернет
кого не го познаваме, или кој е различен од нас, не значи дека тоа е
помалку болно за оние на кои им е таа упатена. Омразата на интернет
боли како и секоја друга омраза и може да има сериозни последици,
од страв, вознемиреност, изолација, недоверба, губење самоконтрола,
агресивност и многу други.

Онлајн комуникацијата треба да ја користиме меѓу другото и за да
креираме здрава средина и општество за сите нас. Ако ги поттикнуваме
хуманоста, разбирањето и солидарноста со другите луѓе околу нас,
тогаш сите сме во добивка затоа што создаваме хумано општество во
кое има место за сите.

Повеќе корисни совети и примери можете да пронајдете на bezomrazno.mk, nemrazi.mk, Stop Out Bullying, Пријави говор на омраза, и др.