Skip to main content Scroll Top
19th Ave New York, NY 95822, USA

Основачот на Фејсбук Марк Закерберг вели дека оваа социјална мрежа ја создал со идеја да го направи светот повеќе отворен и повеќе поврзан. Денес интернетот и социјалните мрежи навистина ни помагаат да се запознаеме и да бидеме во контакт со корисници од сите страни на светот. 

Во овој нов поврзан и вмрежен свет покрај многубројните позитивни страни, се кријат и многу предизвици. Еден од нив е тестирањето на нашето разбирање и толеранција на различните култури и вредности што ги поседуваат другите корисници со кои комуницираме. Некои навики и практики што се прифатени во нашата култура се сметаат за погрешни, или се забранети во некоја друга култура. Различната историја, традиција, идеологија, религија или други вредности создаваат различни општества и супкултури.

Кон различностите во новиот вмрежен свет треба да пристапуваме со разбирање и толеранција, да не ги сметаме за директна опасност, туку за разноликости што придонесуваат кон богатството на човековата цивилизација. Секоја група или поединец имаат право да го изберат својот идентитет и начин на живеење, без притоа да ги загрозуваат или да ги напаѓаат другите групи и култури.